Презентација на проект за еднакви можности на жените и мажите

Координаторката за еднакви можности на жените и мажите заедно со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Свети Николе овозможи на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје да презентира резултати од спроведeн проект „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа и локалните активисти за остварување и креирање на ефективни политики  за родова еднаквост во Р. Македонија“, финансиски поддржан од UN Women во периодот од ноември 2012 до крајот на 2013 година.

Целта на проектот е да воспостави дијалог меѓу локалната самоуправа и локалните НВО-а во процесот на креирање ефективни политики за родова еднаквост кои ги одразуваат потребите и приоритетите на жените од локалната заедница.

Презентацијата се одржа на 03 Април (Четврток) во 12 часот во Библиотеката при Домот на култура. На презентацијата присуствуваа Координаторката за еднакви можности на жените и мажите, членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и општинска администрација од која добија информации за добрите практики и моделот за вклучување на граѓаните од локалната заедница во процесите на креирање родово свесни политики.

IMG_1244 IMG_1259 IMG_1248

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora