Продолжуваат активностите за чистење на речните корита околу Свети Николе. Досега се исчистени над три илјади метри од речните текови околу градот. Минатата година, заради намалена проточност во реките се случи големата поплава во која настрадаа голем број семејства и стопански објекти. Локалната самоуправа заедно со Владата на Република Македонија, целосно се посвети на санирање на штетите од поплавите, па затоа продолжува и чистењето на речните корита. Деновиве, механизација работи на чистење на Светиниколска река, од мостот кај земјоделското училиште кон индустрискиот дел на градот.
Скорешни написи
- Донесен Буџетот на општина Свети Николе за 2021
- 62-ра Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Обраќање на Градоначалникот на Општина Свети Николе
- Доделување на награди и признанија
- 61-ва Седница на Советот на Општина Свети Николе
Кој е онлајн?
Во моментот: 5 посетители

Продолжува чистењето на светиниколска река.