Продолжува третата фаза од изградбата на експресниот пат Велес – Штип

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски во присуство на градоначалниците на Свети Николе, Зоран Тасев, на Штип Илчо Захариев и на Лозово Орце Цветковски денеска го означија отпочнувањето со градежните активности на третата фаза од експресниот пат Велес-Штип (до Кадрифаково).

Третата фаза е преку населените места Лозово-Сарамзалино-Кадрифаково со должина од 10,7 километри.

Градежните работи за реконструкција и рехабилитација на овој патен правец почнаа во октомври минатата година, а треба да биде готов до крајот на 2015 година.

Првата фаза од изградбата се одвиваше од клучката Велес до велешката депонија во должина од 4,7 километри. Втората е во должина од 8,9 километри, со што е реконструиран и проширен патот со нова трета лента до село Лозово.

magistrala (5) magistrala (4) magistrala (3) magistrala (2) magistrala (1)magistrala (8) magistrala (7) magistrala (6)

 

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora