Прославен големиот христијански празник Мала Богородица

Православните христијански верници со традиционални обреди вчера го празнуваа големиот верски празник Мала Богородица, посветен на раѓањето на Мајката Божја, во црквите и манастирите во светиниколско. Централната прослава се одржа во манастирот Пресвета Богородица во Ѓуриште, прексиноќа, кога неговото високопреосвештенство Митрополитот на Брегалничката Епархија Господин Иларион, во сослужение на повеќе свештенослужители одржа вечерна богослужба.   На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев. Неколку илјади верници, вчера и завчера го посетија манастирскиот комплекс во Ѓуриште, во кој последниве години со донации и прилози од граѓаните се обновува и се доградуваат нови сместувачки капацитети.

presveta Bogorodica (5) presveta Bogorodica (4) presveta Bogorodica (3) presveta Bogorodica (2) presveta Bogorodica (1)

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora