На ден 08.07.2014 год. во Малата сала при Домот на културата Крсте Петков Мисирков во Свети Николе се одржа првата формиска сесија,каде граѓаните имаа можност да ги споделат своите идеи и проблеми на тема „Води“. По завршувањето на сесиите, тие предлози ќе резултираат како предлог проекти. На крај со гласање ќе биде избран најприоритетниот предлог проект, предложен од страна на учесниците на форумите, со кој понатаму Општина Свети Николе ќе аплицира на Вториот повик за предлог проекти на Прокетот за управување со речниот слив на река Брегалница.

vodi6 vodi2 vodi3 vodi4 vodi5 vodi1