Почеток на реализација на проектот „Изведба на систем за греење и климатизација на кино сала со помошни простории“ при Домот на култура „К.Мисирков“ во Свети Николе

Преку Вардарскиот Плански регион распишан е тендер за јавна набавка за реализација на проектот „Изведба на систем за греење и климатизација на кино сала со помошни простории“ при Домот на култура „К.Мисирков“ во Свети Николе.
Вредноста на инвестицијата е 100.000 евра, истите се обезбедени од Бирото за регионален развој. Сите понудувачи своите понуди можат да ги достават до 16.04.2020 година.
Со ова го решаваме конечно горчливиот проблем за затоплување на кино салата и нејзина климатизација и отвараме можност за користење на истата во сите временски услови во текот на целата година.
Оваа го ветивме на нашите сограѓани, дојде редот да го реализираме.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora