Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2013 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011 – 2015 година за програмата Општинско корисна работа, Агенција за вработување на Република Македонија во соработка со Општина Свети Николе,започна Проектот за Општо корисна Општина во која се назначија двајца РУРАЛНИ НАБАВУВАЧИ, кои активно работат од 1 Номеври, 2013 год.

Целта на проектот е да се подобри квалитетот на животот на граѓаните во општина Свети Николе преку зголемување на опсегот на услуги кон граѓаните од селата Павлешенци, Ѓуѓанци, Орел и Стањевци каде Рурални набавувачи ќе им доставуваат потребни намирници, лекови и други неопходни работи на жителите во овие села, со што ќе им се намалат трошоците за транспорт за набавка на неопходните секојдневни работи.

Исто така, роднините и пријателите на жителите на овие села преку директен контакт со Руралните Набавувачи може да им испраќаат намирници.

Да се грижиме сите заедно за луѓето од руралните средини.

Проектот Општо Корисна Општина – Рурални набавувачи подразбира

  • Посета на селата Павлешенци, Ѓуѓанци, Орел и Стањевци секој Вторник и Петок од 10 до 13 часот;
  • Земање на нарачки од жителите од селата, како и од семејствата на истите од градот;
  • Земање на парични средства и издавање на документ Каса прими за истите;
  • Набавување на потребните намирници лекови и сл.
  • Доставување на истите со документи за доказ: Фискална сметка и каса исплати за Кусур.
  • На повик од страна на семејствата или роднините на жителите од селата Павлешенци, Ѓуѓанци, Орел и Стањевци кои живеат во градот, Руралните набавувачи ги земаат потребните намирници и ги оставуваат до жителите од селата: Павлешенци, Ѓуѓанци, Орел и Стањевци во дадените термини во Вторник и Петок

Руралните набавувачи работат на два начина:

Редовна посета на селата во дадените термини во Вторник и Петок од 10 до 13 часот, каде вршат земање на нарачки и доставување на истите.

Пренесување на потребни намирници од страна на членови на семејството на жителите од селата Павлешенци, Ѓуѓанци, Орел и Стањевци до жителите на тие села.

Руралните Набавувачи   се ангажирани од 08:00 до 12:00 часот, секој ден од Понеделник до Петок.

Информации на телефон:

Координатор на проектот: Ивица Арсов – 077/725-668

Рурален набавувач 1: Стојанче Трајков
Рурален набавувач 2: Александар Лазев

 

СООПШТЕНИЕ