Во организација на Геостратешкиот институт  ГЛОБАЛ, под покровителство на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и Амбасадорот на САД Пол Волерс, а во соработка со Градоначалникот на Општина Свети Николе Зоран Тасев, на ден 03.11.2014 година, Понеделник, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи спортско – културната манифестација СПОРТСКИ БОН – ТОН (Традиционални спортски игри) наменета за основците од државата. Во рамки на овој проект ќе учествуваат 150 деца од шест општини Велес, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид, Свети Николе и Карпош. Проектот „Спортски бон-тон“ е со цел промовирање на спортот како општествена активност, преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија.

Спортските игри ќе се одржат на повеќе локации и тоа: Градски плоштад, градски парк, игралиште за мал фудбал, градски стадион и спортска сала „Цар Самоил“.