Свечено пуштање во употреба на реконструираната пречистителна станица за отпадни води во Свети Николе

Во присуство на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, свечено беше пуштена во употреба реконструираната пречистителна станица за отпадни води во Свети Николе.
После 12 години неработење , наводно поради голема потрошувачка  на електрична енергија, се става повторно во функција ,со што трајно се решава проблемот со отпадните води во градот и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.
Овој реновиран објект,  ќе биде од огромно значење за жителите од овој крај за подобрувањето на квалитетот на животот. Ваквите проекти се значајни од две причини, од една страна за подобрување на  условите за животот на граѓаните, а од друга страна  за заштита на животната средина како што доликува на едно урбано место за живеење.
После две и пол години макотрпна работа , заедно со вработените во ЈКП Комуналец, направено е се  што е потребно , станицата и теренот околу неа да се доведе во ваква состојба како што е денес. 
Ова место беше затрупано со комунален и градежен отпад  од 2600м3 и направено е се, целиот овој отпад да се дислоцира на градската депонија и да се доведе во состојба како што доликува за една ваква станица.
За рестарирање и ревитализација на станицата вложени се 162.510 евра, од кои 138,000 евра добиени преку ИПА фондот за меѓугранична соработка со Р.Грција во рамките на проектот Биореал, 24.500 евра се од Министерството за локална самоуправа , а дополнително се вложени и 25.000 евра од општинскиот буџет со цел оваа активност да се реализира како што треба.
Со овој грант од Европската Унија и нејзините граѓани, имаме уште поголема обврска да достигнеме повисоки стандарди, критериуми и квалитет на живот и на нашите граѓани. Проектот значи голем исчекор во заштита на животната средина во регионот и со примена на ова решение, стандардите на европскиот живот се се поблиску до сите нас.
 Завршувањето на овој проект претставува особена важност во исполнување на законските обврски, како и реализирањето на поставените цели за подобрување на квалитетот на водите на Светиниколска Река , но и на река Брегалница.
Се надеваме дека во иднина со помош на Владата  ќе го прошириме капацитетот и доведеме до идеална состојба третманот на отпадните води од Свети Николе. Решавањето на овој горчлив  проблем ќе значи намалување на надземното и подземното загадување долж Светиниколска река и запирање на ширењето непријатна миризба посебно во летниот период од годината.
Благодарност до ЕУ за доделените средства од нејзините граѓаните кои помогнаа да се реализира овој проект во корист на нашиот град. Благодарност и на изведувачот на градежните работи Флуид проект од Скопје кои заедно со нашиот консултант Алекса Томовски  успеаја во најкус можен рок согласно утврдената динамика, пречистителната станица да ја стават во функција.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora