По повод денот на пожарникарите вработените во Територијалната противпожарна единица организираа демонстрација на активности за спасување на лица од запалена зграда како и локализирање на пожар. Покрај тоа на плоштадот во Свети Николе пред голем број граѓани, професионалните пожарникари   спроведоа акција за спасување на лица од автомобил по сообраќајна незгода, во која беа вклучени и вработените од Итната помош. Членовите на Доброволното противпожарно друштво во општинските основни училишта „Гоце Делчев“ и „Кирил и Методиј“ пред учениците изведоа показни вежби за спасување на лица од згради зафатени со пожар, а воедно учениците ги запознаа со опремата за справување со кризни состојби како што се пожарите, поплавите, земјотресите и другите природни катастрофи.

DSCN5612

 

DSCN5618 DSCN5620 DSCN5631 DSCN5634 DSCN5646 DSCN5665 DSCN5684 DSCN5685 DSCN5689 DSCN5701 DSCN5703 DSCN5715 DSCN5721 DSCN5727 DSCN5777 DSCN5783 DSCN5786