Истражувачки тим  составен од врвни светски научници  со најсофистицирана опрема минатите неколку дена  изврши истражувања на повеќе локации во општина Свети Николе. Истражувачите предводени од  д-р. Слободан Миздрак за прв пат во Mакедонија вршеа архео-акустични и електромагнетни истражувања на геоглифот кај село Црнилиште, aрхеолошкиот локалитет  „Била Зора“ , кај село Kнежје и на мегалисткиот ѕид кај село Богословец.  Истражувањата ги следат и наши експерти како што се д-р. Аристотел  Тентов и д-р. Драги Митревски и  вработените во Народниот музеј од Свети Николе. Првични резултати од истражувањата можат да се очекуваат за неколку месеци, кои можат да одгатнат дел од мистериите кои ги крие овa древно подрачје.

istrazuvaci (6) istrazuvaci (4) istrazuvaci (3) istrazuvaci (1)