Во рамките на Светиниколскиот есенски културен бран кој го организира домот на културата, под покровителство на Министерството за култура на Македонија и Општина Свети Николе, во големата сала на домот, се одржа драмската претстава „Татко“ во режија на Зоран Обрадовиќ, во изведба на членовите на аматерското драмско студио , кое работи во состав на Народната библиотека од збратимениот град Ќиќевац од соседна Србија. Светиниколската публика меѓу која беше и градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски, со внимание ја следеа изведбата на овој драмски текст од авторот Аугуст Стринберг и ги наградија актерите со големи аплаузи.
Скорешни написи
- Донесен Буџетот на општина Свети Николе за 2021
- 62-ра Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Обраќање на Градоначалникот на Општина Свети Николе
- Доделување на награди и признанија
- 61-ва Седница на Советот на Општина Свети Николе
Кој е онлајн?
Во моментот: 2 посетители
Театарска претстава на драмското студио од Ќиќевац