Општинските основни и средни училишта се подготвени за почетокот на новата учебна година, која започнува на 3 септември. Во ООУ„Кирил и Методиј“ во Свети Николе целосно се реконструирани две училници наменети за првачињата кои ќе седнат во училишните клупи. Во училниците поставена е нова бетонска подлога и ламинантен под. Повеќе кабинети се варосани и уредени, како и просториите за наставниците.Во ООУ „Даме Груев“ во село Ерџелија, се врши реконструкција на електричната инсталација и осветлувањето, кои се стари и дотраени и не одговараат на современите стандарди. Со поставувањето на нови штедливи лед светилки се создаваат услови за следење на наставата и во попладневните и вечерните часови, па учениците без проблем ќе можат да ги следат предавањата на наставниците и полесно да го совладуваат градивото предвидено со наставната програма.
Скорешни написи
- Донесен Буџетот на општина Свети Николе за 2021
- 62-ра Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Обраќање на Градоначалникот на Општина Свети Николе
- Доделување на награди и признанија
- 61-ва Седница на Советот на Општина Свети Николе
Кој е онлајн?
Во моментот: 3 посетители
Училиштата подготвени за прием на учениците