Во организација на шведската фондација „Жена за жена“ и организацијата на жени од Свети Николе, денеска на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ започна со реализација проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“. Во проектот се вклучени пет општини од Вардарскиот плански регион, Свети Николе, Велес, Кавадарци, Неготино и Демир капија и ќе трае во наредните две години поточно до март 2020 година.

Цел на овој проект е креирање на поволни услови за имплементација на Законот за еднакви можности на мажите и жените, како и интегрирање на родовиот аспект на ниво на политики кој во пракса ќе значи зајакнување на капацитетите на локалните механизми за родова еднаквост, како и граѓанските организации во насока на промоција на родовата еднаквост и зајакнување на жените. На денешната конференција присуствуваа и градоначалниот на општина Свети Николе и претставници од Европската унија кои финансиски ќе го поддржуваат спроведувањето и имплементацијата на проектот во локалните самоуправи.

DSCN8959 DSCN8958 DSCN8957 DSCN8955 DSCN8954 DSCN8952 DSCN8950 DSCN8949 DSCN8948 DSCN8947 DSCN8946 DSCN8944 DSCN8943 DSCN8942 DSCN8941