Уште една успешна крводарителска акција

Во дводневната акција во Свети Николе што ја организираа Општинскиот црвен крст и Републичкиот завод за трансфузиологија собрани се над 260 крвни единици. Како што истакнуваат во Црвениот крст на Свети Николе, редовните акции за крводарување секогаш се реализираат беспрекорно, а хуманоста на крводарителите е постојано на многу високо ниво. Тоа придонесува Општина Свети Николе постојано да се наоѓа на врвот на листата според бројот на дарувања и секоја година   бројката на собрани ќеси со најдрагоцената течност да биде натфрлена за неколку десетина проценти. На оваа акција текстилците од МОДА – КАТ, КАМО ТЕКС И ВЕДРА ТЕКС,   обезбедија кошули од женска и машка колекција од нивните производствени програми за сите светиниколски крводарители.

??????????????????????????????? ??????????????????????????????? ??????????????????????????????? ???????????????????????????????

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora