Вчера, со вечерна богослужба која се одржа во храмот „Свети Николај“ во Свети Николе со која чиноначалствуваше  Митрополитот на Брегалничката епархија, Господин Иларион, започна празнувањето во градот, чиј заштитник и патрон е  Свети Никола.  Во рамките на прославата  се одржа свечена академија на која  градоначалникот на Свети Николе,  Сашо Велковски,  на заслужни граѓани и компании им додели  плакети и признанија.  За значајни остварувања и постигнувања во вкупниот општествен развој, унапредување на локалната самоуправа, заштита и унапредување на животната средина и во други области на  животот и трудот, што претставуваат посебен придонес во вкупниот напредок и афирмација на општина Свети Николе, градоначалникот им врачи плакети  на градежната компанија  „Синохидро“ од Народна Република Кина, на композиторот и диригент Кирил Трајковски,  на Иванка Митрова – Рабушчиска, професор по музика, Николетка Панева,  наставник,  Текстилната компанија „Дони- текс“ и земјоделската фирма „Поледелство“ – Ерџелија. Покрај тоа на голем број ученици од основните и средните училишта им беа доделени пригодни  награди, а наставникот  Иле Михајловски е прогласен за најдобар наставник за оваа учебна година.  На академијата одржана по повод празнувањето на заштитникот и патрон на градот „Свети Николај“, настапија студенти од Музичката академина на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, како и младиот и талентиран пијанист  Гоце Златев од Свети Николе.

Денеска по одржувањето на  литургијата во Црквата „Свети Никола“, се одржа и литија низ улиците на Свети Николе, а пред  постаментот на  Свети Никола во центарот на градот беше пресечен славскиот колач. Во Домот на културата се одржа културно  уметничка програма на која настапија членовите на Фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“ , КУД „Санде  Цветковски“  од Горобинци, како и победниците на фестивалот „Ѕвездички“. На градскиот плоштад  за граѓаните и многубројните гости беше организиран  славски ручек.

 

DSCN0099 DSCN0114 DSCN0119 DSCN0116DSCN0127 DSCN0129 DSCN0145 DSCN0149 DSCN0160 DSCN0163 DSCN0164 DSCN0168 DSCN0174 DSCN0177DSCN0180 DSCN0184 DSCN0181 DSCN0188 DSCN0209 DSCN0223 DSCN0232 DSCN0241 DSCN0252 DSCN0244 DSCN0255 DSCN0260 DSCN0276 DSCN0279 DSCN0280DSCN0285 DSCN0289 DSCN0312 DSCN0294 DSCN0313 DSCN0316 DSCN0317 DSCN0327 DSCN0324 DSCN0328 DSCN0329 DSCN0332 DSCN0333 DSCN0336 DSCN0337DSCN0341 DSCN0343 IMG_7030 IMG_7046 IMG_7072 IMG_7114 IMG_7141 IMG_7148 IMG_7167 IMG_7223 IMG_7231 IMG_7225 IMG_7240 IMG_7283 IMG_7295

IMG_7310 IMG_7316 IMG_7322 IMG_7331 IMG_7345 IMG_7350 IMG_7359 IMG_7367 IMG_7374 IMG_7384 IMG_7393 IMG_7399 IMG_7405 IMG_7443 IMG_7418IMG_7451 IMG_7452 IMG_7460 IMG_7473 IMG_7480 IMG_7485 IMG_7486 IMG_7487 IMG_7500 IMG_7515 IMG_7539 IMG_7558 IMG_7540 IMG_7560