Градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев, денеска го посети семејството на Драгана Марковска во село Пеширово, мајката која го роди првото бебе во оваа година, подарувајќи им пакет со прехрамбени и хигиенски производи. Како што истакна градоначалникот Тасев, локалната самоуправа се грижи за семејствата од ранливите групи и во иднина ќе настојува да им помага во рамките на можностите на општината. Денес и компанијата „Стокиќ хоум центар“ за бебето Бојана донираше детско креветче. Инаку оваа компанија за производство на намештај од Свети Николе традиционално, за секое првородено дете во општината доделува пригоден подарок. Нашата иницијатива се надевам дека во иднина ќе ја следат и други компании и фирми од општината и оваа хумана акција се надевам дека ќе придонесе за зголемување на наталитетот во нашава земја истакна менаџерката Сашка Стокиќ.

bebe 2015 (5) bebe 2015 (4) bebe 2015 (3) bebe 2015 (2) bebe 2015 (1)