Целта на проектот кој го подржуваат УНДП и Швајцарската  агенција за развој  и соработка СДЦ е зајакнати и информирани општински совети што активно ги спроведуваат улогите  на надзор и претставување, при што општинските власти  стануваат поодговорни и поделотворни во исполнувањето на потребите на граѓаните. Преку проектот Форум на заедниците, граѓаните на општина Свети Николе,  преку јавни консултации ќе изберат приоритени мерки и проекти  кои ќе бидат реализирани со финансиска поддршка, грант,   во висина од 50 илјади швајцарски франци,  кои ќе значат придонес кон поголем социјален импакт, обезбедување на еднакви можности  за мажите и жените, воспоставување  партнерства помеѓу организации и граѓани и кои ќе бидат одржливи и по престанок  на финансирањето од општината. Во рамките на проектот ќе бидат организирани    4 сесии, а целосната реализација ќе се одвива до крајот  на месец Јуни наредната година.

pokana gragjani soveti