Започна со реализација проектот English ACCESS Microscholarship Program во СОУ “Кочо Рацин” Свети Николе !

Од оваа година за прв пат 26 ученици од СОУ Кочо Рацин Свети Николе заедно со двајца ментори започнаа со двегодишно учество во Програмата за микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик – Access која ги подготвува учениците за развој на конверзациските вештини на англиски јазик со говорители на кои англискиот им е или не им е мајчин јазик, преку разновидни активности за искуствено учење.  Целта на Access е учениците да ги разберат културата и демократските вредности на САД преку соодветни активности за подобрување. Покрај тоа, на избрани ученици, Access ќе им обезбеди напредно познавање на англискиот јазик, што може да доведе до подобри работни места, можности за вработување и стекнување на можност за учество и натпреварување за идни размени и учење во САД.

Имплементатор на проектот е  Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) со кого општина Свети Николе има потпишано Меморандум за соработка во партнерство со Амбасадата на САД во Северна Македонија.МЦГО реализира глобална програма Аксес која е поддржана од Стејт Департментот на САД и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и овозможува основа за развивање на вештини и знаење за англискиот јазик кај талентирани младинци на возраст од 15 до 18 години. Од воспоставување во 2004 година, околу 100.000 средношколци од повеќе од 85 земји учествувале во Access програмата.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora