Заштита од поплави

Преку програмата за санација на штетите од поплавите од 2015 година од страна на ЕУ, во период од две години во општина Свети Николе беа реализирани два проекта  од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Едниот се однесува на изградба на мостот на светиниколска река во населбата „Ливади“ за што беа обезбедени околу 250 илјади евра и санација на браната „Мавровица“, за што се потрошени околу 340 илјади евра. Проектите се целосно завршени и предадени во употреба и како што истакнува градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски, тоа за населението на Свети Николе и населбите по течението на реката, во иднина значи сигурна заштита од поплави. Луиза Витон постојан претставник Амбасадор на УНДП, во изјавата што ја даде за новинарите на браната „Мавровица“ рече дека УНДП во изминатите две години во двете компоненти на Програмата, санација на транспортната инфраструктура и санација на водостопанската инфраструктура вложени се 3 односно 7 милиони евра на осум проекти во нашава земја. Повеќето проекти се целосно завршени, остануваат мал дел кој се во завршна фаза. УНДП и понатаму ќе подржува и финансира проекти од интерес за граѓаните   на нашава земја. Покрај делегации од УНДП, Локалната самоуправа на општина Свети Николе, новинари, објектите ги посети и Бујар Османи Вице премиер за Евроинтеграции во Владата на Република Македонија.

41862052_1841225825956225_6558086203936079872_n 41871727_239064523441811_6948084193783971840_n 41884448_538397359906313_2610931308095864832_n 41893934_1881263591962205_604591697170530304_n 41903767_2201335373484276_1555921116373975040_n 41903793_643920939382973_6295726430147837952_n 41927456_478037336010776_1727497681095360512_n 41990954_2154555601451945_2793959123211780096_n 42089520_2180719555474249_3940975881010282496_n

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora