Одбележување на Светскиот ден на поезијата на археолошкиот локалитет Билазора – манифестацијата „Билазорски видувања“

На ден 20 март 2023 г. во чест на Светскиот ден на поезијата, на археолошкиот локалитет Билазора – Свети Николе) со стихови, обраќања и беседи беше промовирана манифестацијата „Билазорски видувања“ 2023 .

На настанот поздравни обраќања имаше градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Владев како и : Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет – Скопје, Јордан Плевнеш, основач на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, и преставник од Меѓународниот Славјански универзитет. Организатори на настанот кој се предвидува да препрасне во традиционална манифестација се: Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Општината Свети Николе и Меѓународниот Славјански универзитет.

Квалитет на воздухот

Моментални вредности:

Агенција за вработување
PM2.5 | PM10 - | -
ООУ „Гоце Делчев“
PM2.5 | PM10 - | -
СОУ „Кочо Рацин“
PM2.5 | PM10 - | -
ЈЗУ Здравствен дом
PM2.5 | PM10 - | -
Дом на културата
PM2.5 | PM10 - | -

Целосен приказ

народен музеј

bylazora