Архиви

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “ОКО сервис 11 (Општествено корисна општина)” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Свети Николе.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);

– млади лица до 29 години и

– лица постари од 50 години.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: Образовен асистент за деца со попреченост во редовно средно образование во  СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе со следниве работни задачи:

– Четиричасовно дневно ангажирање во  СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе

– Пружење помош и поддршка на учениците со посебни образовни потреби инклузирани во редовната настава преку разни видови на индивидуализиран, диференциран и методолошки пристап во работата;

– Пружење помош и поддршка на наставниците преку асистирање во реализацијата на наставните активности;

– Помош и подршка на родителите преку соработка со истите;

– Соработка со заедницата;

– Соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот.

Позиции за работно место 1:  1 позиција  

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност, одговорност, принципиелност, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување – Свети Николе, лицето да припаѓа на една од целните групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица, Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог,социјален работник,социјален и рехабилитациски педагог , со завршено VII/1 степен, т.е  VI  A според македонската рамка на квалификации  МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условит за наставник во одделенска настава (VII/1  степен, т.е  VI  A според МРК или 240 ЕКТС),како и лице наставник во предметна настава  (VII/1  степен, т.е  VI  A според МРК или 240 ЕКТС).

Работно место 2: Личен асистент  за деца со попречености во редовно средно образование во  СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе со следниве работни задачи:

– Четиричасовно дневно ангажирање

– Пружење помош и поддршка на учениците и нивна придружба за  време на наставниот процес и олеснување во надминување на физичките пречки за време на наставата.

– Пружење помош и поддршка на наставниците преку асистирање во реализацијата на наставните активности во делот на надминување на физички пречки и олерснување на пристапнасто за следење на наставата;

– Помош и подршка на родителите преку соработка со истите;

– Соработка со заедницата;

– Соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот;

Позиции за работно место 2:  1 позиција  

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: Емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност, одговорност, принципиелност, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување – Свети Николе, лицето да припаѓа на една од целните групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица, со Завршено средно образование.

Работно место 3: Фасилитатор за поддршка во редовно основно образование во  ООУ „Даме Груев“ с.Ерџелија, Свети Николе со следниве работни задачи:

– Четиричасовно дневно ангажирање во  ООУ „Даме Груев“ с.Ерџелија

– Носење на ученикот во училиште и враќање во домот по завршување во училиштето, учење на секојдневните навики, хигиенски навики, креирање на воннаставни активности со детето по завршување на часовите и сл.

– Пружење помош и поддршка на учениците и нивна придружба по завршување на наставниот процес и олеснување во надминување на физичките пречки по завршување на наставата.

– Помош и подршка на родителите преку соработка со истите;

– Соработка со заедницата;

– Соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот;

Позиции за работно место 3:  1 позиција  

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: Основно познавање на работа со компјуер, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување – Свети Николе, лицето да припаѓа на една од целните групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица, со Завршено средно образование.

Заинтресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе во периодот од 14.08.2024 година до 21.08.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Свети Николе  и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Свети Николе кај лицето Ивана Димитрова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе,  кај лицето Благица Тодоровска,  Центар за социјлна работа Свети Николе кај лицето Даниела Давиткова.

ТППЕ
muzej bylazora
yemek tarifleri spor haberleri betgaranti giriş betgaranti giriş hititbet giriş betpark giriş betpark betpark giriş aviator betorder giriş betpas giriş supertotobet aviator oyna supertotobet giriş betpas betpas betpas giriş betgaranti giriş atlasbet giriş kolaybet giriş betgaranti rokubet giriş