АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК – ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИСКИ ПЛАН (ЛЕАП)

Почитувани граѓани на Општина Свети Николе,

Ни претставува огромно задоволство да Ве информираме дека започнуваме постапка за изработка на Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) за Општина Свети Николе за периодот од  2024 – 2030 година. По спроведената јавна набавка, како најповолен понудувач беше избрана консултантската компанија за животна средина Г-КОНСАЛТ ДООЕЛ Скопје. Во изминатиот период претставници од општината и консултантскиот тим одржаа состанок, на кој се дадоа насоки за изработка на овој особено битен стратешки документ за подобрување на животната средина на општина Свети Николе. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата.

Вклучувањето на јавноста во изработката на овој стратешки документ е од суштинско значење!

За таа цел ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во изработката на Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) за 2024 – 2030 година и на тој начин да учествуваат во мапирање на приоритетните еколошки проблеми. Тие може да го дадат своето, мислење, предлози и ставови за изработка на документот преку следниот линк:  

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc_0ZICQ92sZLezHJM0QKrZhHJR5kSX0pMP4WyQHFQf_VM93w/viewform

Очекуваме јавноста да го изрази своето мислење преку пополнување на анонимниот анкетен прашалник за испитување на јавното мислење околу проблемите со животната средина во Општина Свети Николе што може да се најде на линкот погоре.

Исто така, ги охрабруваме граѓаните, кои сакаат активно да учествуваат со свој придонес во некоја од работните групи за изработка на ЛЕАП, да се пријават и да ги остават своите податоци во Општина Свети Николе.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora