Виртуелен саем за женско претприемништво – Експо 2023/24 UN Women Европа и Централна Азија

Почитувани,

Одделението за Локален економски развој и јавни дејности преку своите начини на информирање до сите Жени Претприемачи и сопственички од Општина Свети Николе проследува информација за можност за учество во Виртуелен саем за женско претприемништво – Експо 2023/24 во организација на UN women Европа и Централна Азија

Експо 2023 ќе ги донесе на едно место жените претприемачки и деловни партнери од Европа и Централна Азија почитувајќи ги принципите на инклузивност, различност и leave no-one behind.

Експо се состои од серија локални и меѓурегионални активности за деловно работење и вмрежување како и работилници за градење капацитети кои ќе им овозможат на фирмите, инвеститорите и жените претприемачки од регионот да стекнат нови сознанија и меѓусебно да се поврзат.

Најважниот настан на Експо ќе се одвива во живо – Pitching настан за вмрежување со други бизнис жени и инвеститори.

За да се квалификувате за сите фази на Експо, како жена претприемачка или жена сопственичка на бизнис потребно е да сте во една од следниве фази на развој на бизнисот:

• Да имате минимално остварлив производ (MVP – Minimum Viable Product)

• Да сте во рана фаза (веќе во продажба)

• Да сте во фаза на раст (имате приходи).

Преку учеството на Експо ќе имате можност:

1. Да го претставите својот бизнис на онлајн изложбен простор

2. Да учествувате на работилниците (boothcamps) менаџирани од водечки компании

3. Да добиете поддршка од ментори

4. Да ја подготвите својата презентација за инвестиција и да добиете повратни информации

5. Да се сретнете и вмрежите со колеги/шки од 13 земји од Европа и Централна Азија

6. Да учествувате на крајниот настан (Expo Capital Quest) настан во живо кој ќе се оддржи на пролет 2024 во Истанбул! (предмет на дополнителна селекција)

Жените претприемачки од сите сектори на економијата може да се пријават за учество на Експо 2023.

UN Women го задржува правото да исклучи одредени производи од изложбата, предмет на внимателно разгледување на производите.

UN Women, заедно со своите партнери, темелно ќе ги профилира претприемачите и ќе ги групира во сектори.

Регионалното Виртуелно Експо 2023 кое ќе се одржи во ноември 2023 година ќе биде отворено за сите заинтересирани жени претприемачки.

Рок за пријавување: 31.08.2023 г.

Своја пријава може да поднесете со потполнување на прашалникот тука.

Општина Свети Николе ќе продолжи со поддршка на ваквите иницијативи за жените претприемачи од Општина Свети Николе и да ги информира за сите повици кои се однесуваат за жени претприемачи на теритoријата на Општина Свети Николе.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora