Водич за развој на ЕУ проекти на локалните самоуправи

Одделението за Локален економски развој и јавни дејности При Општина Свети Николе преку своите начини на информирање ги информира сите патнери и заинтересдирани страни за новата алатка – Водич за развој на ЕУ проекти на локалните самоуправи којшто призлегува како Проектна активност од Проектот на формирањето на Мрежа на општински/градски проектни тимови за Западен Балкан иницирана од Град Сараево , а со техничка поддршка на Мрежа на асоцијации на локалните власти на Југоисточна Европа НАЛАС и поддржан од  Германската агенција за развој ГИЗ – Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ)

Овој сеопфатен водич е одлична алатка на локалните власти и организации низ Југоисточна Европа, обезбедувајќи вредни увиди, ресурси и најдобри практики за ефективно навигација во светот на ЕУ проектите.

Водичот претставува мноштво информации за можностите за финансирање од ЕУ, управување со проекти и успешни студии на случај од регионот.

Како една од активностите на проектите на мрежата на општински/градски проектни тимови за Западен Балкан, овој водич ја покажува моќта на соработката и споделувањето знаење меѓу партнерите во оваа мрежа со цел заеднода постигнеме извонредни резултати и да поттикнеме одржлив развој во нашите заедници.

Заедно, поттикнуваме позитивни промени и обликуваме посветла иднина за нашиот регион!

Водичот може да го превземете тука

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora