Архиви

Градење отпорност на климата во Свети Николе: втора работилница во рамките на програмата Pathways2Resilience

На 25 Декември 2024 година, во општина Свети  Николе, се одржа втората работилница како активност на проектот „Лабораторија на отпорност во Свети Николе“ имплементирана во рамките на програмата Pathways2Resilience. Целта на оваа работилница беше да се вклучат различните чинители во првата фаза од проектот, со што фокусот беше на:

➡️Системско мапирање, со фокус на отпорноста на климата

➡️Мапирање на минати и сегашни настани поврзани со климатските промени

➡️Дефинирање на предизвици и цели за регионот

Продолжувајќи напред, идните активности ќе вклучуваат анализа на собраните податоци и докази, проценка на ризиците поврзани со климатските промени и евалуација на расположливите капацитети и ресурси за градење отпорност.

Оваа активност е дел од проектот „Resilience Lab Sveti Nikole“, координиран од општина Свети Николе, во партнерство со SmartUp – Social Innovation Lab и дел од програмата #Pathways2Resilience, финансирана од EIT Climate-KIC.

hashtag#P2RSelectedRegions hashtag#ClimateAdaptation hashtag#ClimateResilience hashtag#EuropeanRegions hashtag#EUMissions hashtag#MissionClimate hashtag#EUClimateAction hashtag#EUGreenDeal hashtag#Collaboration hashtag#TransformationalChange hashtag#ClimateChange hashtag#ClimateAction

Овој проект е финансиран од Европската Унија.

ТППЕ
muzej bylazora