Архиви

Градење отпорност на климата во Свети Николе: прва работилница во рамките на програмата Pathways2Resilience

На 11 ноември 2024 година, во Општина Свети Николе се оддржа првата работилница за градење капацитети како активност на проектот „Лабораторија на отпорност во Свети Николе“ имплементирана во рамките на програмата Pathways2Resilience. Целта на оваа работилница беше на вработените во општината да се презентира проектот, програмата за градење капацитети и се започна со работа на почетната основна линија што ќе доведе до развој на стратегија за отпорност на климата и акциски план.

Во првиот дел од работилницата, учесниците разговараа за моменталната ситуација во Свети Николе, ги анализираа достапните податоци и релевантните докази, оценувајќи ги интересите и нивото на влијание на секоја страна.

 Во вториот дел од работилницата се фокусиравме на идентификување на примарните предизвици со кои се соочува општината и на клучните чинители во заедницата.

Успешно ги наведовме задачите за претстојните месеци, вклучувајќи собирање податоци, мапирање на системот, проценка на ризикот поврзан со климатските промени, евалуација на локалните капацитети и ресурси и подготовка на основен извештај до март 2025 година.

Оваа работилница е дел од 18-месечната програма за градење капацитети, опремувајќи ги 40-те региони-учеснички со потребните знаења, вештини и способности за да ги идентификуваат и зајакнат клучните компетенции и способности потребни за транзиција кон климатска отпорност.

Оваа активност е дел од проектот „Resilience Lab Sveti Nikole“, координиран од општина Свети Николе, во партнерство со SmartUp – Social Innovation Lab и дел од програмата #Pathway2Resilience, финансирана од EIT Climate-KIC.

hashtag#P2RSelectedRegions hashtag#ClimateAdaptation hashtag#ClimateResilience hashtag#EuropeanRegions hashtag#EUMissions hashtag#MissionClimate hashtag#EUClimateAction hashtag#EUGreenDeal hashtag#Collaboration hashtag#TransformationalChange hashtag#ClimateChange hashtag#ClimateAction

ТППЕ
muzej bylazora