Проектот CITYMOVE, кофинансиран од ЕУ во рамките на програмата Interreg IPA Adrion, беше официјално промовиран со тридневен настан од 5 до 7 ноември 2024 година, во Губио, Италија. Овој собир ги собра сите партнери од осум земји за да разговараат за иновативни решенија за подобрување на урбаната мобилност и да споделат согледувања за спроведувањето на проектот со пошироката јавност. На настанот присуствуваа пет градоначалници: Дејан Владев (Свети Николе, Македонија)Марио Кордиќ (Мостар, Босна и Херцеговина), Иван Кнез (Биоград на Мору, Хрватска), Агрон Малај (Мат, Албанија) и Виторио Фиоручи (Губио, Италија).
Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.584.047,96 €, со главна цел да придонесе за намалување на зависноста од автомобили преку подобрување на инфраструктурата и промоција на еко-мобилноста. Бидејќи повеќе од 40% од буџетот на проектот е посветен на инвестирање во инфраструктурата преку набавка на вредна опрема низ осумте земји, значително внимание беше насочено кон планирањето на инвестициите: сензорски систем за достапни места за паркирање во центарот на Бар и два велосипеди станици; паметно паркирање, обележување патеки за велосипедисти и пешаци и паметна автобуска станица во Мостар; паметен паркинг во Биоград на Мору и Мат; велосипеди и две станици во Нови Пазар; соларни автобуски станици и станици за скутери во Св. Николе; опремување на урбани и рурални велосипедски патеки со полначи и алати во Губио; и опремување на две локации за велосипеди во Кантанос (Крит).
Покрај вредната инфраструктурна опрема, проектот ќе развие апликација за велосипедски и пешачки патеки, локални планови за урбана мобилност и транснационален план за урбана мобилност со каталог на практични решенија во оваа област. На три локации ќе се организираат денови на урбана мобилност, а на осум локации ќе се одржи ден без автомобили заедно со велосипедски трки на кои учесниците ќе имаат можност да добијат велосипеди.
Проектот започна на 1 септември и ќе се реализира 30 месеци. Водечкиот партнер во проектот е општина Бар (Црна Гора), додека партнери ги вклучуваат градовите Мостар (Босна и Херцеговина), Биоград на Мору (Хрватска) и Нови Пазар (Србија), заедно со општините Свети Николе (Македонија), Губио (Италија) и Кантанос Селино (Грција), како и Институтот CIHEAM (Грција). Поврзани партнери се НАЛАС (Македонија) и Општина Лесковац (Србија).
#IPADRION #EcoMobility #UrbanMobility #Interreg #GreenCities #cyclists
Градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Владев обраќајки се на присутните со задоволство го најави учеството на Свети Николе во проектот CITYMOVE, како важна иницијатива за иднината на нашата заедница и поширокиот јадранско-јонски регион. Истакан дека овој проект претставува значаен чекор напред во нашето патување кон поодржлива урбана мобилност фокусирана на луѓето, каде работејќи со партнери од целиот регион, Ние сме посветени на имплементација на почисти, попаметни и поинклузивни транспортни решенија кои ќе имаат корист подеднакво на нашите жители и на посетителите.
Нашите напори овде ќе вклучат нова еколошка инфраструктура, како што се велосипедски станици на соларна енергија и безбедни пешачки и велосипедски рути, сите дизајнирани да ја намалат зависноста од автомобили и да ја подобрат животната средина на нашите урбани простори.
Истакана дека овој проект е горд резултат на нашето учество во Мрежата на општински/градски проектни тимови за Западен Балкан, иницирана од Градот Сараево и имплементирана преку НАЛАС – Мрежата на национални асоцијации на локални власти во Југоисточна Европа, која ние сме благодарни што имаме како придружни партнери во овој проект.
Исто така ја истакан и поддршка од водечкиот партнер Општина Бар беше од клучно значење за да се овозможи овој напредок.
За крај упати топла благодарност до нашите партнери во CITYMOVE и почесни гости, Општина Губио.
Заедно, со поддршка на програмата Interreg IPA ADRION и преку тесна соработка, ги поставуваме темелите за поздрава, поповрзана и позелена иднина на Свети Николе и на целиот јадранско-јонски регион.
Од медиумите