Архиви

ИЗВЕСТУВАЊЕ за информирање на граѓаните и засегнатите страни  за проект кој предвидува  реконструкција/адаптација  на објект  и  ставање на увид  на документот од јавен интерес – „ Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА)” во Општина Свети Николе

Со цел развој на социјалните услуги на локално ниво  Министерството за социјална политика, демографија и млади во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги – ППСУ поддржан од Светска Банка, објави јавен повик за аплицирање на проекти од страна на локалните самоуправи и доделување на грантови за таа намена. Општина Свети Николе аплицираше со проект за развивање на услугата Помош и нега во домот. 

 Со цел  запознавање  на граѓаните и засегнатите страни за планираните активности за реконструкција/адаптација на простории во рамки на истоимениот проект,  изработен е документ од јавен интерес „Листа за проверка (чек-листа) за план за управување со животната средина и социјални аспекти”. Истата содржи анализа на влијание врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализација на проектот, како и предвидени мерки за ублажување.

Документот се става на јавен увид на веб страните на Проектот за подобрување на социјалните услуги (https://www.ssip.mk/dokumenti-za-komponenta-1/)  и на веб страната на  Општина  Свети Николе (https://svetinikole.gov.mk/ ).

Забелешки или прашања за проектот може да се доставуваат во рок од 7 дена од објавување на Известувањето, на следниот линк:

-официјалниот формулар за прашања и поплаки во рамки на ППСУ –https://www.ssip.mk/tvoe-prashanje/ и на info@svetinikole.gov.mk  – е-маил на Општина Свети Николе.

Известување Свети Николе – превземи ТУКА

ESMP Checklist Свети Николе – превземи ТУКА

ТППЕ
muzej bylazora

Квалитет на воздухот

Центар

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³

Амбуланта

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³