Архиви

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА РЕКЛАМНИ ПАНОА (БИЛБОРДИ И СИТИЛАЈТИ) И РЕКЛАМНИ ТАБЛИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ

Врз основа на Програмата за поставување урбана опрема на територијата на Општина Свети Николе за период од 2023 година до 2027 година, донесена од Советот на општина Свети Николе („Службен гласник на општина Свети Николе“ бр.3/2023), Одлука бр. 0801-351 од 13.03.2023година за измена на програмата за поставување на урбана опрема и опрема за рекламирање на јавни површини во општина Свети Николе за период од 2023 од 2027 година („Службен гласник на општина Свети Николе“ бр.4/2023), Правилник за утврдување на надоместоците во постапка за издавање одобрение за користење на место за огласување односно за отстранување на обележје бр.0801-392 од 27.04.2023 година, донесен од страна на Советот на општина Свети Николе („Службен гласник на општина Свети Николе“ бр.6/2023), општина Свети Николе:

ИЗВЕСТУВА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА РЕКЛАМНИ ПАНОА (БИЛБОРДИ И СИТИЛАЈТИ) И РЕКЛАМНИ ТАБЛИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ

Предмет на ова известување е добивање на право (одобрение) за поставување на рекламни паноа и рекламни табли на територијата на општина Свети Николе. Локациите и бројот на рекламните паноа (билборди) се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема и опрема за рекламирање на јавни површини. Висината на надоместоткот за издадено одобрение за користење на место за огласување е утврдена согласно Правилник за утврдување на надоместоците во постапката за издавање одобрение за користење на место за огласување односно отстранување на обележје.

Сите заинтересирани лица за користење на место за огласување, може да поднесат барање во Канцеларија за едношалтерско работење Општина Свети Николе.

Детални информации за постапакта за Одообрение за поставување на натписи и рекламни табли можат да се добијат во Општина Свети Николе во Одделение за комунални работи.

ТППЕ
muzej bylazora