Инфо сесија за можности за работно ангажирање на лицата со посебни потреби.

Петок 27.06.2023 г. се оддржа инфо сесија со чијашто примарната цел беше да се информираат лицата со попреченост за можностите за вработување (со полно работно време, скратено работно време, хонорарно ангажирање и со можност за работа од дома), до-едукација за дигитални вештини и бесплатни обуки на лицата со попреченост.

Присутните од страна на Елизабета Јовановска од „Best Online Assistant“ беа запознаени за идните можности за напредна едукација/обука и можностите за соработка со тимот на „Best Online Assistant“ коишто понатаму ќе им се пружи можност за понатамошна соработка со компании кои се социјално инклузивни и бараат квалификуван кадар.

Воедно присутните на сесијата се запознаа и со можностите на иновативната и уникатна платформа за едукација, обука, кариерен развој и вработување на лица со телесна попреченост на „Best Online Assistant“- www.bestonlineassistant.com

Општина Свети Николе останува отворена за понатамошна соработка со тимот на Best Online Assistant“, воеедно и ќе продолжи со поддршка на ваквите иницијативи за подобра инклузија, интеграција и вклучување на лицата со посебни потреби и другите ранливи категории на пазарот на трудот.

Сите заинтересирани коишто беа спречени да присуствуваат на Инфо сесијата а сакаат да добијат инфомрмации од самата Инфо сесија може истото да го направат во просториите на Општина Свети Николе Канцеларија Пр. Бр. 11 – Приземје Секој работен ден од 7:30 до 15:30 кај Ивица Арсов.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora