Конститутивна седница на  Иницијативен одбор за

22 Декември 2023

Претставници  на младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, денеска ја одржаа првата конститутивна седница на Иницијативниот одбор за конструирање на локално собрание за млади.

Со формирањето на Иницијативниот одбор, започна постапката за основање на Локалното собрание за млади, која е утврдена со Законот за младинско учество и младински политики. Иницијативниот одбор се формира само еднаш, за одржување на конститутивното Локално собрание за млади и по успешно одржување на првата конститутивна седница на собранието се распушта, односно му престанува мандатот.

Во наредниот период, Иницијативниот одбор во соработка со Службеникот за млади на Општина Свети Николе и Општина Свети Николе ќе го распише јавниот повик за номинирање членови на Локалното собрание за млади.

Иницијативниот одбор ќе го води основањето на локалното собрание за  млади, ќе работи на креирање на структурата на телата и на промоција на потребата од младинско организирање и младинско учество на локално ниво.

Членови на Инцијативниот одбор се:

Иван Стоилев                    

Ивана Стојчевска              

Јована Андушова              

Мери Карадаковска          

Кристијан Насевски

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora