Млади талентирани лица за 2023 година – Јавен повик на Агенцијата за млади и спорт

Општина Свети Николе, преку Службеникот за млади , преку своите начини на информирање споделува информација за ЈАВЕН ПОВИК на Агенцијата за млади и спорт за доделување на награди за Млади талентирани лица за 2023 година

На повикот можат да се пријават:

  •  Млади лица кои се дел од тимот кој ќе учествува на меѓународни натпревари по завршени селекциони натпревари, кој се учесници на државните натпревари организирани од страна на лиценцирани Здруженија на наставници од страна на Министерство за образование и наука и
  • Млади лица кои имаат освоено прво, второ или трето место на организирани меѓународни натпревари

Младите лица кои ги исполнуваат условите ќе бидат наградени со еднократен паричен надомест со висина од две просечни нето плати исплатени по работник во Република Македонија во последните два месеци пред доделување на наградата (објавен просек од страна на Државен Завод за статистика на Република Македонија).

Општина Свети Николе ги охрабрува сите, млади луѓе од територијата на Општина Свети Николе на возраст од 15 до 29 години, кои ги исполнуваат условите, а освоиле награда во текот на 2023 година, да ја достават потребната документација до :

Агенција за млади и спорт, Сeктор млади

Ул. Македонија 38, 1000 Скопје(Палата „Панко Брашнаров“)

Со назнака „Млади талентирани лица “

НАПОМЕНА:

На Јавниот повик не може да остварат право млади лица кои освоиле резултати на меѓународни и државни натпревари во областа на спортот.

Доколку Ви е потребна било каква помош во врска со потполнувањето може да се обратите до

До

Ивица Арсов

Службеник за млади

Канцеларија за млади

Зграда на Општина Свети Николе Канцеларија Пр. Бр. 11 – Приземје

Секој работен ден од 7:30 до 15:30

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora