
На ден 04.03.2025 година, во просториите на СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе, Отсекот за превенција при Советот за превенција од детско престапништво, во соработка со Општинската организација на Црвениот крст и ЈЗУ Здравствен дом „Ѓорѓи Гаврилиски“, реализираа едукативна работилница на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“.
Учениците од III и IV година беа запознаени со правилен начин на постапување при различни кризни ситуации, преку едукативна презентација. Во рамки на работилницата беше спроведена и апоказна симулациска вежба за укажување прва помош при повреди, со што учениците имаа можност практично да се запознаат со основните техники за спасување живот.