Одржана конститутивна седница на Советот за социјална заштита на Општина Свети Николе

На ден 21.03.2023 година во Салата за Совет на Општина Свети Николесе одржа конститутивната седница на Советот за социјална заштита на Општина Свети Николе.

Согласно Законот за социјална заштита, конститутивната седница беше свикана по иницијатива на Општината, а на која беа присутни членовите согласно Решението за именување на членови во општинскиот совет за социјална заштита на Општина Свети Николе а врз основа на доставени номинации од следниве институции/организации: Општина Свети Николе; ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе; Фонд за пензиско и инвалидско осигурување; ЈОУДГ „Рахилка Гонева“ Свети Николе; ЈЗУ Здравствен дом „Прим.Др.Ѓорѓи Гаврилски“ Свети Николе; Центарот за вработување Свети Николе; Полициска станица Свети Николе; ООУ „Даме Груев“ с.Ерџелија; ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе; ООУ „Кирил и Методиј“ Свети Николе; СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе; Организација на жените на општина Свети Николе; Црвен крст на Р.Македонија – Општинска организација Свети Николе; Здружение на инвалиди на трудот Свети Николе; Здружение на пензионери Свети Николе; Здружение Порака Свети Николе; Здружение на телесно инвалидизирани лица Свети Николе.

На конститутивната седница беше донесен деловникот за работа на новото тело кое ќе работи посветено на исполнување на обврските предвидени со Законот за социјална заштита.

Исто така беше извршен и избор на тела Советот за социјална заштита на Општина Свети Николе и тоа:

  • Претседател Ивица Арсов – Општина Свети Николе;
  • Зам. Претседател Светлана Митрушов – ООУ „Кирил и Методиј“ Свети Николе,
  • координатор Ивана Димитрова – Општина Свети Николе и
  • Зам. координатор Славица Димова – Општина Свети Николе

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora