Олимписка обука за спортски менаџмент и спортска администрација на МОК / ИОК

Денес во општина Свети Николе, во организација на Македонскиот Олимпискиот комитет и на Општина Свети Николе, се одржа Олимписка обука за спортски менаџмент и спортска администрација на МОК / ИОК.

Обуката беше реализирана од страна на Даниел Димевски, претседател на МОК и Сашо Поповски, Генерален секретар на МОК и на неа присуствуваа спортисти и претставници од повеќе спортски клубови, здруженија за спорт, членови на општински сокузи, претставници на училишни спортски клубови.

На обуката беа опфатени неколку области, како што се стратешкиот и проектниот менаџмент, водење на спортските организации, развојни стратегии и односи меѓу спортските и јавните авторитети, стратешко планирање, менаџмент на ресурси (материјални, финансиски, временски), извори на финансирање и сл.

Воедно во просториите на Општина Свети Николе спортистите од ЖРК Овче Поле СУ, ЗС ФК Овче Поле и КМФ Овче Поле имаа можност да извршат антролополошки спортски мерења коишто беа изведени со специјализирана опрема од страна на МОК.

Општина Свети Николе и понатаму ќе продолжи да ги поддржува ваквите настани и иницијативи се со цел за зајакнување на капацитетите на спортските работници и лицата кои се занимаваат со спорт како и подобар и поуспешен спорт во Општина Свети Николе.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora