Архиви

Повик до семејствата од Свети Николе

Општина Свети Николе ги повикува сите заинтересирани семејства да се вклучат во програмата за сместување на американски волонтери од Мировниот корпус, кои ќе престојуваат во нашиот град во периодот од 26 септември до 3 декември, 2026. 

Доколку имате желба да запознаете нова култура, да стекнете пријателство за цел живот и да бидете дел од едно несекојдневно меѓународно искуство, ова е можност токму за Вас.

Семејството домаќин треба:

✅ да има отвореност и подготвеност да прими волонтер во својот дом;

✅ да обезбеди посебна соба за волонтерот;

✅ да понуди пријатна и поддржувачка семејна средина.

За време на престојот на волонтерот, семејството домаќин добива надоместок од 6.500 денари неделно.

Преку оваа програма, семејствата имаат можност да разменат искуства, да создадат нови пријателства и да придонесат кон меѓукултурното поврзување и разбирање.

📞 Контакт лице за повеќе информации и пријавување: Томе Станковски

Тел: 071 386 041

Ве охрабруваме да ја искористите оваа единствена можност и да станете дел од глобалното семејство на Мировниот корпус.

ТППЕ
muzej bylazora

Квалитет на воздухот

Центар

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³

Амбуланта

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³