Повик до сите заинтересирани млади од Општина Свети Николе за локални младински акции

Почитувани Млади од Општина Свети Николе,

Општина Свети Николе, преку Службеникот за млади како и преку своите начини на информирање споделува информација за Повик за 8 (осум) локални младински акции.

Фондот за население на Обединетите нации –  УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот младински проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, објавува повик за предлози за 8 (осум) локални младински акции кои ќе се реализираат на територијата на Македонија.

Општина Свети Николе ги охрабрува сите, млади луѓе од територијата на Општина Свети Николе на возраст, кои ги исполнуваат условите, и имаат своја идеја да се пријават на јавниот повик.

Линк до повикот – Тука

 Прирачник за аплицирање и имплементација на локални младински акции – тука

 Предлог-концепт и буџет за локалната младинска акција – тука

Краен рок за аплицирање е 18 февруари 2024 г. со испраќање на пополнет предлог-концепт и буџет за локалната младинска акција.

Избраните тимови ќе бидат известени најдоцна до 22 февруари 2024 г..

Општина Свети Николе ќе продолжи со поддршка на ваквите иницијативи за младите од Општина Свети Николе и да ги информира за сите повици кои се однесуваат за млади на територијата на Општина Свети Николе.

Доколку Ви е потребна било каква помош во врска со потполнувањето може да се обратите до

До

Ивона Кузмановска на ivona_kuzmanovska@mof.org.mk

или

Ивица Арсов

Службеник за млади

Канцеларија за млади

Зграда на Општина Свети Николе Канцеларија Пр. Бр. 11 – Приземје

Секој работен ден од 7:30 до 15:30

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora