Повик до сите заинтересирани млади од Општина Свети Николе за вклучување во ОТВОРЕНИОТ ПОВИК ЗА ЛЕТНА ШКОЛА ВО СКЛОП НА ФЕСТИВАЛОТ ЗА ПОМИРУВАЊЕ 2023 ГОДИНА. 

Почитувани Млади од 18 – 30 години,

Општина Свети Николе, преку Службеникот за млади како и преку своите начини на информирање споделува информација за Oтворен повик за летна школа во склоп на фестивалот за помирување 2023 година.

Истиот претставува можност за сите млади од # WB6 (Западен Балкан) да се препуштат на 3-дневна интензивна, но многу интересна летна школа, вклучувајќи различни работилници и јавни настани.

Летната школа е интегрирана во поголем настан – Фестивал на помирување, кој вклучува јавни дискусии и културни настани (промоции на книги, театарски претстави), сите фокусирани на промовирање мир и помирување по долготрајните конфликти.

Процес на аплицирање

За да аплицирате, кликнете ТУКА со потполнување на on-line апликацијата.

Клучни информации за настанот
Локација: Нови Сад, Србија
Датум: 7-9 септември 2023 година; пристигнување на 6 и поаѓање на 10 септември
Јазик: Англиски
Формат на настанот: работилници (9:30-14:30), јавни настани (18:00-21:00 часот)
Темпо: утрински, рано попладне и вечерни активности
Школарина/Учество: без надомест
Краен рок за аплицирање: 15 јули 2023 година

Целна група
Летната школа пречекува млади луѓе на возраст од 18-30 години од 7 земји: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Македонија, Албанија.
По тројца учесници од секоја земја ќе бидат избрани да присуствуваат на летната школа.

Профил на учесници:
Можност да работи активно на англиски јазик.
Љубопитни, слободоумни, да ја ценат различноста, подготвени да учат за реалноста едни со други
Посветени на учество во целото времетраење на Фестивалот
Мотивирани за учење и примена на стекнатите компетенции
Заинтересирани за градење мир, човекови права, историски ревизионизам, стратегии за помирување
Млади луѓе кои сакаат да создадат позитивни промени во нивните заедници
Претходното учество во слични активности или активно вклучување во проекти за млади и заедница не е од клучно значење.

Се очекува учесниците да земат учество и во јавни активности за време на Фестивалот на помирување.

Цели на фестивалот:

Да се соочи и да им помогне на учесниците да разберат различни перспективи за неодамнешните конфликти на Балканот и пошироко;
Да се идентификува и разбере влијанието и пошироките општествени последици од неодамнешните конфликти во регионот;
Да се воведат нови начини за застапување и промовирање на помирување и мир преку образование и медиуми;
Да се истражи употребата на уметноста како средство за дејствување и пренесување пораки за мир во јавниот простор;
Да се овластат учесниците да дејствуваат во поддршка и да се залагаат за помирување во нивните локални и пошироки регионални контексти;
Да им помогне на учесниците да размислуваат за нивните лични социо-психолошки процеси во промовирањето и работењето кон помирување во регионот.

Што обезбедува организаторот:

Трошоци за патување:

Ќе бидат надоместени патните трошоци до и од Нови Сад.

Максималните износи се разликуваат по земја, затоа при потполнување на паликацијата се бара да се пријават проценетите трошоци за вашето патување во самиот формуларот за апликација.

Ве молиме имајте предвид дека само билети за автобус и воз може да се надоместат.

Патувањето со авион и автомобил може да се надомести во исклучителни случаи – тоа објаснете го во формуларот за апликација.

Сместување:

Учесниците ќе бидат сместени во хостел во двокреветни или трокреветни соби.

Храна:

Ќе бидат обезбедени три оброци (појадок, ручек и вечера), како и освежување за време на активностите на Летната школа.

Што не е вклучено: Сите останати дневни трошоци и џепарлак не се вклучени.

Фестивалот е поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка – RYCO. Јавната програма е поддржана и од Австрискиот културен форум, Француско-германската канцеларија за млади, Амбасадата на Сојузна Република Германија и ФорумЗФД.

За повеќе информации, ве молиме контактирајте со

Локалната филијала на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) во Скопје

Даме Груев, 3/8-1, 1000 Скопје

e-mailvladimir.gjorgjevski@rycowb.org

Општина Свети Николе ќе продолжи со поддршка на ваквите иницијативи за младите од Општина Свети Николе и да ги информира за сите повици кои се однесуваат за млади на територијата на Општина Свети Николе.

Доколку Ви е потребна било каква помош во врска со потполнувањето може да се обратите до

До

Ивица Арсов

Службеник за млади

Канцеларија за млади

Зграда на Општина Свети Николе Канцеларија Пр. Бр. 11 – Приземје

Секој работен ден од 7:30 до 15:30

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora