Повик до сите заинтересирани млади лидери

Почитувани,

Одделението за Локален економски развој и јавни дејности При Општина Свети Николе преку своите начини на информирање ги информира сите млади од Општина Свети Николе кои се на возраст од 21 до 30 години кои би биле заинтересирани да се вклучат во Акцелераторот за млади лидери – Young Leaders Accelerator кој е дел од Interreg-IPA CBC проектот „Be In“.

Акцелераторот за млади лидери се состои од три настани, еден онлајн и два лично, и има за цел да ги поттикне младите луѓе да изберат патека за кариера, преку градење на нивните капацитети.

Учесниците мора да потекнуваат од следните региони:
Од Грција: Солун, Лерин, Кукуш, Пела, Серес
Од Македонија: Југозападен, Пелагониски, Вардарски и Југоисточен регион

Крајниот ројк за пријавување е 10 април 2023 г.

Аплицирајте на следниов линк.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora