Повик за аплицирање — 2023 ОБСЕ Програма за стипендирање на Европската академија за иновации

Почитувани Млади од 18 – 25 години,

Општина Свети Николе, преку Службеникот за млади како и преку своите начини на информирање споделува информација за Отворен Повик за аплицирање на Програма за стипендирање на Европската академија за иновации од страна на ОБСЕ.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) нуди 30 целосно платени стипендии за млади претприемачи и Start-Up-ери, млади професионалци, студенти и неодамна дипломирани студенти од Западен Балкан за учество на Европската академија за иновации во Порто, Португалија.

Избраните финалисти ќе бидат венсени во мултикултурен екосистем со професионалци и ментори од една од врвните светски институции и ќе имаат можност да имаат размена со бизнис лидери од Америка, Европа и Азија.

Стипендиите се спонзорирани од италијанското Министерство за надворешни работи и се нудат во рамките на проектот YDEAS (Young Developers and Entrepreneurs to Advance Start-ups in the Western Balkans). Тие се промовираат преку мрежата на теренските операции на ОБСЕ во Западен Балкан и локалните подрачни канцеларии на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

Ги охрабруваме сите млади од Општина Свети Николе кандидатите да се пријават на повикот како потенцијални кандидати.

Процес на аплицирање

За да аплицирате, кликнете ТУКА и наведете „Стипендија на ОБСЕ“ за да потполните.

краен рок за Апликацрање едо 7 мај 2023 година (23:59 CET) при што истите мора да бидат примени од страна на Европската академија за иновации .

Од апликантите е потребнода достават видео од 3 минути за нивната бизнис идеја и предност ќе им се даде на социјално и еколошки влијателни бизниси, особено во областа на вработување/обука, одржлив транспорт, одржлив туризам, управување со отпад, енергија, одржливо земјоделство и намалување на загадувањето.

За повеќе информации, ве молиме контактирајте со Мисијата на ОБСЕ во Скопје:

Зграда Хипериум Булевар 8ми септември бр. 16 1000 Скопје

Канцеларија: +389 2 323 4000 Факс: +389 2 323 4234

info-mk@osce.org

или кај локалната филијала на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) во Скопје

Даме Груев, 3/8-1, 1000 Скопје

e-mailvladimir.gjorgjevski@rycowb.org

или едноставно испратете е-пошта на YDEAS@osce.org.

Општина Свети Николе преку своите начини на информирање ги информира сите млади возраст од 18-25 години, се со цел да ги охрабрите да аплицираат и да ги реализираат своите идеи. 

Општина Свети Николе ќе продолжи со поддршка на ваквите иницијативи за младите од Општина Свети Николе и да ги информира за сите повици кои се однесуваат за млади на теритoријата на Општина Свети Николе.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora