Архиви

Повторен ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ВО ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ

Опис на јавниот повик:

Локално собрание за млади на Општина Свети Николе распишува повторен јавен повик за избор на членови во Локалниот младински совет на Општина Свети Николе, поради слаб одзив во првиот јавен  повик бр. 0903-71/1 од 22.01.2025 г. .

Локалниот младински совет на Општина Свети Николе ќе го сочинуваат 5 члена со избалансирана родова застапеност.

Сите коишто имаат учествуивано на Првиот повик ќе бидат земени во предвид т.е. не е потребно повторно да поднесуваат документација за аплицирање.

Право на учество:

Јавниот повик е отворен и упатен до сите форми на организирање и здружување кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики, а тоа се:

  • младинските организации,
  • организации за млади,
  • политички подмладоци,
  • ученички и студентски заедници/организации
  • Спортски друштва,
  • Културно-уметнички друштва,

и други облици на младинско здружување.

кои ќе ги исполнат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на Општина Свети Николе;
  • Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик;

Цел на овој повик: младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски заедници/организации и други облици на младинско здружување да поднесат пријава до Општина Свети Николе со која ќе номинират свои членови, заради спроведување на постапката утврдена со Законот за младинско учество и младински политики за формирање на Локален младински совет на Општина Свети Николе.

Номинираните членови за Локланиот младински совет кои ќе бидат номинирани треба да се:

  •  жители на општина Свети Николе
  • и да се на возраст од 15-29 години

Улога и надлежности на Локалниот младински совет:

Локалниот младински совет има советодавна улога во Општината за прашања кои се однесуваат на младите во локалната заедница, и е важно тело за застапување на младите и нивните потреби и интереси.

За успешно да ја извршува оваа улога членовите на ЛМС треба да имаат редовна комуникација со службеникот/чката за млади и Општината.

Улогата на Локалниот младински совет за Општината:

  • Да биде застапничко и советодавно тело за младински прашања и политики во Општината и да ги претставува интересите на сите млади од заедницата;
  • Да предлага точки на дневен ред на Советот на Општината, кои ги засегаат младите за прашања поврзани со младите, според идентификуваните потреби и да предлага соодветни решенија;
  • Да учествува или да биде консултиран во креирањето локални политики кои се значајни за младите од локалната заедница;
  • Да го следи спроведувањето на локалните политики кои ги засегаат младите, да поднесува извештаи и предлози за подобрување на истите;
  • Да ги извршува редовно и одговорно административните обврски кон Општината и да добие обука за истите како да ги извршува.

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • Пријава за номинација на член поднесена од младинска организација (Прилог бр.1)
    • Портфолио на организацијата/групата/здружението, (освен за политички подмладок)
    • Годишна Програма за работа
    • Извештај за работата на здружението за 2024 година или друг документ во кои се наведени реализираните активности со млади, младински политки и иницијативи во општината.
    • Писмо за кандидат на локалниот младински совет и контакт информации за истиот – (Прилог бр.1)
    • Кратко мотивационо писмо од страна на предложениот кандидат и кратка биографија
    • Изјава за согласност за користење на лични податоци од номинираното лице (Прилог бр.2)
    • Изјава за согласност за прифаќање на номинацијата (Прилог бр.3

Начин на поднесување на документите, рок и место:

Пријавите со потребната документација во еден оригинален примерок, потпишана од одговорното лице на организацијата, се доставуваат на е-маил адресата на службеникот за млади на Општина Свети Николе ler@svetinikole.gov.mk и до архивата на Општина Свети Николе секој работен ден од 07:30-15:00 часот со назнака:

“До Локално собрание за млади на Општина Свети Николе со Ознака за номинирање на членови  на Локален Совет на млади

Пријавите доставени по истекот на рокот на Јавниот повик нема да бидат земени предвид.

Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат

Период на траење на јавниот повик: Јавниот повик трае 10 (десет)  работни дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Свети Николе, односно од 19.06.2025 година.

Краен рок за поднесување на пријави: Крајниот рок за поднесување на пријави  е 02.07.2025 година до 15:30 часот.

Постапка за разгледување на поднесените пријави:

По доставените пријави на кандидатите за членови на Локалниот младински совет, надлежното лице, односно советникот за млади документацијата од сите пријавени ја доставува до претседавачот/ката на Локалното Собрание за Млади кои пак ја свикуваат комисиајта за верификација којашто подготвува извештај со конечна листа на кандидати за локален младиснки совет и свикува нова седница на Собранието.

На седницата на Локалното собрание на млади се покануваат делегатите на Собранието и младите кои се пријавиле за членови на Локалниот младински совет, а ги исполнуваат критериумите од повикот.

Тричлената верификациона комисија на Локалното собрание за млади (креирана за време на конститутивната седница) го следи процесот на избор на членови на Локалниот младински совет на Општината и треба да ги потврди мандатите на делегатите.

Кандидатите за членови на Локалниот младински совет имаат право на куса презентација на својата програма пред членовите на Собранието, по што следува постапката на гласање.

Локалното собрание на млади избира членови на Локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од Локалното собрание на млади со принцип на бодување од 5 до 1 бод.

За избрани членови на Локалниот младински совет се сметаат оние членови кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати, водејќи сметка за балансирана застапеност на двата пола.

По потврдениот избор, верификационата комисијата на Локалното собрание на млади изготвува извештај/записник со листа на избрани членови кој го усвојува Локалното собрание на млади и истиот се доставува до Советот на Општината за верификација на нивните мандати.

При престанок на членство или при избор на нови членови, Локалното собрание на млади писмено го известува Советот на Општината за промената и истиот ја потврдува со писмено решение.

Мандатите на членовите на Локалниот младински совет на Општината се верификуваат од страна на Советот на Општината по добиена одлука за избор од страна на Собранието на млади и истите се објавуваат во службените гласила на Општината.

Членовите на Локалниот младински совет на Општината имаат мандат од две години со право на уште еден избор. Првата конститутивна седница на Локалниот совет на млади на Општина Свети Николе ќе ја свика Претседавачот на Локалното собрание за млади по верифицирање на мандатите на членовите од страна на Општината.

Лице за контакт и повеќе информации:

Службеник за млади во Општина Свети Николе – Ивица Арсов

Е-маил: ler@svetinikole.gov.mk

Адреса: Општина Свети Николе, ул. Плоштад Илинден бр.12, 2220 Свети Николе

Тел: 032 444 169 лок. 124

Претседавач на Локално собрание за малади:

Марио Лазаров

Градоначалник на Општина Свети Николе

Дејан Владев

Целосен Јавен повик – Превземи тука

Прилози:

Прилог 1 – превземи тука

Прилог 2 – превземи тука

Прилог 3 – превземи тука

ТППЕ
muzej bylazora
betpark giriş
kolaybet giriş
betpas giriş
truvabet giriş
trwin giriş
madridbet giriş
casinoper giriş
madridbet giriş
supertotobet giriş
grandbetting giriş
aviator
aviator oyna
deneme bonusu
bahis siteleri
supertotobet giriş