Архиви

Покана за Настан – Учење преку работа кај работодавач

Покана за настан: Учење преку работа кај работодавач– Социјален дијалог

Општина Свети Николе организира средба за социјален дијалог на тема „Учење преку работа кај работодавач.

Ве покануваме сите заинтересирани компании, како и идни ученици и нивни родители, да присуствувате на средбата за социјален дијалог и да ги искажете своите ставови, потреби и предлози за унапредување на средното стручно и дуалното образование.

📅 Датум: четврток, 05.02.2026 година
🕘 Време: 09:00 часот
📍 Локација: Сала на Советот на Општина Свети Николе

Цел на настанот:

  • дискусија и идентификација на потребата од отворање нови образовни профили и паралелки во СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе,
  • прибирање предлози за унапредување на средното стручно образование,
  • усогласување на образовните програми со потребите на локалните компании.

Заклучоците и предлозите од настанот ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука, со цел нивно разгледување и можност за вклучување во Конкурсот за запишување ученици за учебната 2026/2027 година.

🔄 Следни чекори

По одржувањето на настанот, претставници од СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе ќе организираат работни средби со компаниите кои ќе изразат интерес за активно вклучување во процесот на дуално образование.

✅ Потврда на учество

Заради навремена и квалитетна организација на настанот, сите заинтересирани учесници потребно е да го потврдат своето учество најдоцна до 03.02.2026 година (вторник), со номинација на лице кое ќе ја претставува Вашата компанија/организација/институција.

📧 Е-пошта за контакт и информации:
ler@svetinikole.gov.mk

👨‍👩‍👧‍👦 Добредојдени се идни средношколци и нивни родители и кои се заинтересирани да се информираат за дуалното образование и можностите за практична настава што ги нудат образовните програми на СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе, како и самите компании.

Ви благодариме за Вашата поддршка и активен придонес во создавање квалитетен стручен кадар на локално ниво!

Анализа на пазарот на труд и дуално образование во Општина Свети Николе

Општина Свети Николе започнува процес на анализа на пазарот на трудот на локално ниво, со цел:

  • утврдување на реалната потреба од стручен кадар во локалните компании,
  • испитување на подготвеноста на компаниите за вклучување ученици во процесот на учење преку работа,
  • унапредување на дуалното и средното стручно образование во Општината.

📝 Анкетен прашалник за компании

За таа цел, подготвен е краток анкетен прашалник (пополнувањето трае околу 5 минути), кој е објавен на официјалната интернет страница на Општина Свети Николе.

🔗 Пристапете до анкетниот прашалник ТУКА

Рок за пополнување: 04.02.2026 година

Превземи Покана за настанот ТУКА

Превземи Агенда за настанот ТУКА

ТППЕ
muzej bylazora

Квалитет на воздухот

Центар

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³

Амбуланта

PM2.5: -- µg/m³
PM10: -- µg/m³