Прашалник за млади

Почитувани млади,  

Во тек е креирањето на Националната стратегија за млади, а со тоа е оставена можноста и вие како млади да го дадете својот придонес кон текстот на стратегијата. Токму затоа УНИЦЕФ спроведува прашалник со предложените мерки и активности од стратегијата за кои вие би можеле да го дадете своето мислење и вашите предлози.   

Учеството на младите во ова истражување ќе придонесе кон унапредување на нивните права, како и да се идентификуваат приоритети на делување во нивните заедници.  

Прашалникот се спроведува преку алатката U-Report, а одговорите на учесниците може да се следат на https://mk.ureport.in/. Прашалникот е наменет за млади над 14 години. 

Прашалникот е анонимен и достапен на македонски јазик, а пополнувањето не би одземало повеќе од 5 минути. Младите кои не се активни U-репортери, најпрво треба да се регистрираат на U-Report MK преку платформата Вибер. По успешната регистрација, автоматски ќе го добијат прашалникот за Светскиот ден за безбедност на интернет.  

                                          Линк за регистрација 

Повеќе за U-Report 

Aлатката U-Report им помага на младите ширум светот да го искажат своето мислење и да влијаат на процесите на носење одлуки кои ги засегаат.   

Младите кои сакаат да станат U-репортери и редовно да добиваат информации, известувања и прашалници за унапредување на положбата на младите, може да се регистрираат на https://mk.ureport.in/, односно да побараат UReport MK на нивната Вибер апликација или да пристапат преку следниот линк: https://chats.viber.com/ureportmk.  

На веб -страницата на U-Report MK се достапни резултатите од тековни и веќе спроведени анкети.  

Општина Свети Николе преку своите начини на информирање ги инфгормира сите младина возраст од 14 години и повеќе, се со цел да ги охрабрите да се регистрираат и да продолжат да бидат гласни на теми кои им се важни. 

Општина Свети Николе продолжува да го поддржува процесот на креирање на Националната стратегија за млади.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora