Почитувани граѓани,
Општина Свети Николе започнува процес на изработка на сообраќаен проект за режим на сообраќај, кој вклучува и ревизија на постојниот сообраќаен режим, како и подготовка на елаборат за времен и траен сообраќаен режим.
Со цел да се обезбеди квалитетно и одржливо решение, од особена важност е вклучувањето на јавноста и земањето предвид на вашите искуства, потреби и предлози.
Ве покануваме да учествувате во кратка онлајн анкета, преку која ќе можете да дадете мислење за:
- начинот на движење низ градот
- постојните проблеми во сообраќајот
- состојбата со паркирањето и инфраструктурата
- пристапноста за лица со попреченост, стари и изнемоштени лица
- поддршка за конкретни мерки и решенија
Пополнувањето на прашалникот е анонимно и ќе ви одземе не повеќе од 5–10 минути. Собраните податоци ќе бидат користени исклучиво за потребите на изработка на сообраќајниот проект и елаборатот.
👉 Пристапете до прашалникот на следниот линк со кликање ТУКА
„Анкетата ќе биде отворена до 01 Мај 2026“
Ве охрабруваме активно да се вклучите и со вашето учество да придонесете кон подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот во Свети Николе.
Со почит,
Општина Свети Николе








