Градење климатска отпорност во Свети Николе: работилница за ангажирање на заедницата во рамките на програмата Pathways2Resilience
На 14 мај 2025 година (среда) се одржа работилница за ангажирање на заедница како дел од проектот Pathways2Resilience во Општина Свети Николе.
Работилницата беше фокусирана на истражување за тоа како би можела да изгледа иднината на Свети Николе, отпорна на климатски промени.
Заедно со претставници од локалните институции, бизнис заедницата, граѓанското општество и жителите, започнавме да ја обликуваме заедничката визија за иднината на градот и да дискутираме што е потребно за да се стигне до таа цел.
За време на работилницата, учесниците истражуваа неколку можни сценарија за иднината на Свети Николе во контекст на климатските промени, идентификуваа сигнали и индикатори кои можат да укажат каде се движиме, и ги разгледуваа социјалните, технолошките, еколошките, економските и политичките фактори што ја обликуваат нашата сегашност и иднина. Преку индивидуална рефлексија и групна работа, учесниците започнаа со обликување на заедничка визија за поотпорно Свети Николе и ги издвоија почетните идеи за тоа како да се движиме кон таа визија.
Заедно продолжуваме на ова трансформативно патување – создавање на поотпорно и одржливо Свети Николе за сите.
Оваа активност е дел од проектот „Лабораторија за отпорност во Свети Николе“, координиран од Општина Свети Николе, во партнерство со Смарт Ап – Лабораторија за социјални иновации и како дел од програмата #Pathways2Resilience.
.
#ClimateAdaptation
#ClimateResilience
#EuropeanRegions
#EUMissions
#MissionClimate
#EUClimateAction
#EUGreenDeal





