Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за планирање на просторот, организира регионална јавна расправа по Нацрт-просторниот план на Република Северна Македонија 2021–2040.
Јавната расправа за Вардарскиот плански регион ќе се одржи:
📅 29 септември 2026 година (вторник)
🕛 12:00 часот
📍 Голема сала на Општина Велес
Целта на јавната расправа е презентација на Нацрт-просторниот план и предложените плански решенија пред локалните заедници и останатите засегнати страни од Вардарскиот плански регион.
Сите заинтересирани граѓани, институции, јавни претпријатија, установи, деловни субјекти, научни и стручни институции, граѓански организации и други засегнати страни се поканети да земат активно учество преку поставување прашања и доставување на свои мислења, забелешки и предлози во однос на предложените плански решенија.
📄 Материјалите од Нацрт-просторниот план се достапни на следниот линк: https://drive.google.com/file/d/1yR9hCAzFBwPCpxwXsRcnxiGUgRNoyt0J/view
Општина Свети Николе ги повикува заинтересираните граѓани и сите релевантни засегнати страни од општината да се запознаат со материјалите и, доколку имаат предлози, забелешки или прашања, да земат учество на јавната расправа.












