Архиви

РЕОБЈАВУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа – Образовни асистенти

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “ОКО сервис 10 (Општествено корисна општина)” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Свети Николе.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);

– млади лица до 29 години и

– лица постари од 50 години.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: Образовен асистент/ со следниве работни задачи:

– Четиричасовно дневно ангажирање во  СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе

– Пружење помош и поддршка на учениците со посебни образовни потреби инклузирани во редовната настава преку разни видови на индивидуализиран, диференциран и методолошки пристап во работата;

– Пружење помош и поддршка на наставниците преку асистирање во реализацијата на наставните активности;

– Помош и подршка на родителите преку соработка со истите;

– Соработка со заедницата;

– Соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот.

Позиции за работно место 1:  2 позиции  

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност, одговорност, принципиелност, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување – Свети Николе, лицето да припаѓа на една од целните групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица, завршено високо образование за: дефектолог, педагог, психолог, логопед, со завршено VII/1 степен, т.е  VI  A според македонската рамка на квалификации  МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1  степен, т.е  VI  A според МРК или 240 ЕКТС), како и лице наставник во предметна настава  (VII/1  степен, т.е  VI  A според МРК или 240 ЕКТС).

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе во периодот од 18.08.2023 година до 24.08.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Свети Николе  и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Свети Николе кај лицето Ивана Димитрова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе,  кај лицето Сања Јовановска,  Центар за социјлна работа Свети Николе кај лицето Александра Саздевска.

ТППЕ
muzej bylazora
rokubet giriş
madridbet giriş
xbahis giriş
trwin giriş
redwin giriş
betparibu giriş
supertotobet giriş
betsat
supertotobet giriş
betparibu giriş
truvabet giriş
supertotobet giriş
hititbet giriş