Општина Свети Николе, во соработка со Пакомак како дел од проектот од јавен интерес поддржан од Швајцарската амбасада „Паметно управуање со отпад од пакување Северна Македонија, фаза 2“, постави повратна вендинг машина за селекција и рециклирање на празни пластични шишиња од пијалаци (ПЕТ) и алуминиумски лименки.
Со реализацијата на оваа активност се постигнуваат повеќекратни придобивки:
- се создаваат позитивни навики кај локалното население за селектирање и собирање на отадот од пакување и негово рециклирање;
- се подига еколошката свест за придобивките од селектирано собирање на отпадот и бенефитите од истото во насока на заштита и унапредување на животната средина;
- Економски бенефит кај граѓаните преку собирање на „зелени поени“ кои ќе се трансфериираат во парична вредност и ќе се користат како ваучери за купување на производи или донирање во општествено корисни проекти;
- Намалување на количините на отад од пакување кои завршува на јвен простор на територијата на општина Свети Николе и намалување на потребните трошоци за собирање на истиот
- Помаѓање во одржување на еколошки чиста општина.
Поставувањето на оваа опрема е дел од заложбите на Општина Свети Николе за воспоставување современ и одржлив систем за управување со отпад како и негова соодветна селекција и рециклирање, содржана во стратешките и планските документи на Општината. Активноста е предвидена во Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) на Општина Свети Николе 2024–2030 и во Стратегијата за отпорност кон климатските промени на Општина Свети Николе.
За користење на вендинг машината потребно е да се преземе бесплатната мобилна апликација Ecomak, преку која се врши идентификација на корисникот и се евидентираат зелените поени.
Преземи ја апликацијата на:
За секое селектирано ПЕТ пластично шише или алуминиумска лименка се добива 1 (еден) зелен поен, во вредност од 0,50 денари, кој може да се искористи за добивање ваучери и други награди кај партнерите на Пакомак, како и за донирање во општествено корисни проекти.
Машината е поставена во маркетот СТОКОМАК во Свети Николе и е достапна за користење за сите граѓани.
Видео упатства за користење:
Како се користи повратната вендинг машина погледни ТУКА
Користење на „зелени поени“ за купување производи погледни ТУКА
Повеќе информации за вендинг машината прочитај ТУКА










