Социјален дијалог – настан „Учи паметно работи стручно“

На ден Среда 31.01.2024 г. во салата на Советот на Општина Свети Николебеше организирана средба за социјален дијалог односно настан „Учи паметно работи стручно“.

Настанот беше во организација на Одделението за Локален економски развој и Јавни дејности во соработка со СОУ Кочо Рацин Свети Николе, како дел од планираните активности во делот на Поддршка на развојот на МСП и претприемништвото од ПРОГРАМАта за активностите на Општина Свети Николе во областа на Локалниот економски развој во 2024 година, како и како дел од Проектот „Учи паметно работи стручно“.

Унапредувањето на дуалното образование односно средното стручно образование во Општина Свети Николе како и креирање на образовни профили кои се потребни на компаниите и бизнисот, беше главна тема на средбата „Учи паметно-работи стручно“.

На самата средба учество зедоа Претставници од Општина Свети Николе, СОУ Кочо Рацин, Компаниите, Регионаланта Стопанска комора на Македонија, Центарот за вработување Свети Николе и Основните општински училишта.

На средбата во името на Општина Свети Николе свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев којшто истакна дека целта на Ова средба е преку директен дијалог на засегнатите страни, да се помогне во иднина за креирањето на квалификуван стручен кадар, кој ќе произлезе од самото дуалното образование и ќе одговори на потребите и барањата на производствениот процес на компаниите. Потенцираше дека ни претстои уште многу работа на зацврстување на довербата меѓу бизнис секторот и СОУ Кочо Рацин и дека Општина Свети Николе ја поддржува и потикнува секоја соработка во тој поглед, со цел младите да се стекнат со потребните знаења, вештини и искуство кои ќе им овозможат полесно вклучување на пазарот на трудот.

Од страна на Ивица Арсов и Љупка Паневска од Одделението за Локален економски развој и Јавни дејности, како и Преставниците од СОУ Кочо Рацин Свети Николе – Жаклина Милошева – директор и Игорче Николов, беа презентирани претходните чекори коишто беа превземени во поглед на анализа на потребите од Дуално образовние, како и состојбата на пазарот на труд и досегашните резултати од Дуалното образовние како и идните планови на училиштето.

Своите искуства за стручното образование ги пренесоа и менторите на компаниите.

Од страна на Претставникот на Регионаланта Стопанска комора на Македонија се образложи процесот како компаниите да дојдат до лиценциран ментор однснO лице кое ќе ги води учениците низ работниот процес во компанијата, како и поддршката којашто тие ја нудат на компаниите во тој поглед.

На средбата се отвори дискусија за следните прашања: Kакви профили на кадар, односно вработени со какви знаења и вештини им се потребни на компаниите; дали компаниите би примиле ученици на практична настава; кои се евентуалните пречки со кои се соочуваат компаниите во врска со спроведувањето на практичната настава; каква е соработката на компаниите со училиштата и кои се можни начини за унапредување на истата; зголемена информираност во основните училишта на учениците и родителите; како можноста за стипендирање на учениците и поддршка од страна на компаниите.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora